| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе го чуваат 24 часа за да не проба да се самоубие

По неговите закани дека ќе си го одземе животот, родителите на Дарко Лазиќ ангажираа приватно обезбедување, кое ќе 24 часа ќе го чува пејачот.

Лазиќ во неделата ја доживеал најголема апстиненцијална криза. Тој се дерел на Интензивна нега, каде што се наоѓа, заканувајќи се дека ќе си го одземе животот ако докторите не му донесат кокаин.

Пејачот викал на цел глас, поради што персоналот морал да го изолира и да го оддалечи од останатите пациенти, кои со своите крикови ги вознемирил.

Лазиќ, кој за три недели два пати е опериран, од несреќата не можел да конзумира кокаин, ниту алкохол. Затоа, како и што се очекуваше, упаднал во апстиненцијална криза, која од ден во ден е се посериозна.

Според информации од болницата, пејачот во неделата бил во нервно растројство и рекол дека веќе не му се живее, бидејќи не може да издржи без опијати.

-Цел ден зборуваше дека физички лошо се чувствува, му трне оргазнизмот, има трзавици, а навечер состојбата нагло му се влошила. Почна се полошо психички да се чувствува, а анксиозноста пораснала до таа мера што ги вознемирил сите пациенти на интензивна. Кога до него дошол еден од чуварите, Дарко му барал дрога. Кога стигнал лекарот, Дарко почнал да плаче и да го моли за кокаин со објаснување дека многу му е лошо, рекол изворот, кој додал дека кога Дарко сфатил дека докторот нема да му помогне, направил хаос.

-Почна да урла и продолжи да бара кокаин. Беше црвен во лицето, плачеше, се обидуваше да стане. Беше морничаво, посебно кога почнал да вика: “Дајте ми дрога, ќе се убијам, ако не ми дадете дрога. Подобро да не се разбудев од кома, не би го чувстувал ова. Дајте ми нешто да ме успиете, не можам веќе да издржам“. Докторот мораше да му дадае силни средства за болки, но и смирување. Утредента е повикан  и псхијатар, кој разговарал со него, вели изворот за српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top