| четврток, 6 декември 2018 |

Погубен познат трговец со злато: Во Иран обесен султанот на златниците!

Иранските власти го погубија Вахид Мазалуми (58) поради пореметување на националната економија на таа држава, а станува збор за трговец со злато кој на пошироката јавност и е познат како „султанот на златниците“, пренесува Анадолија.

Иранската државна телевизија јави дека Мазалуми и неговиот помошник Мухамед Исмаил Касеми се погубени со бесење во Техеран.

Мазалуми и неговиот помошник Касеми се уапсени во јули годинава под обвинение дека собирале злато со цел да манипулираат со вредноста на иранската валута и остварување на илегален профит.

Уапсените се обвинети дека за таа потреба собрале два тони злато.

Смртните казни на двајцата уапсени минатиот месец им ги изрече Револуционерниот суд на Иран, во чија надлежност се случаите кои се однесуваат на националната безбедност.

Погубувањето е извршено во екот на напорите на иранските власти да воспостават контрола над националната валута кој бележи нов пад поради одновените американски санкции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top