| четврток, 6 декември 2018 |

По психичките ломови, Дарко викнал поп да се исповеда: Една работа не може да си прости!

Дарко Лазиќ веќе три недели престојува во болница после тешката сообраќајна несреќа, а откако неговата состојба се стабилизира, пејачот реши да го земе животот во свои раце. Како што се дознава, Лазиќ по прв пат после долго време, имал време да размисли за својот живот и погрешните одлуки кои ги донел во животот, па сфатил дека со непромисленото однесување ги повредил најблиските.

Поради тоа Дарко побарал во болница да го посети свештено лице, како со него би поразговарал и од него би побарал простување на сите гревови.

-Дарко отсекогаш живееше брзо и имаше се што сака. Неговото темпо на живот за многумина е незамисливо, бидејќи беше во сосојба со денови да не спие и да оди од свирка на свирка. Кога некој кој има сопруга и мало дете може така да живее, тогаш ништо не треба да ве изненади, па ни тоа неговите отсуства од семејниот дом често да бидат поврзани со прекумерна употреба на алкохол и дрога. Со таквиот стил на живот идат и лесни жени, кои се лепеа за Дарко. Едноставно сакаше да живее за сите пари, ама сега во болница има време да ги согледа сите свои добри и лоши постапки – рекол извор близок на семејството Лазиќ.

Поради тоа, за време на една посета, побарал од родителите во неговата болничка соба да му донесат поп. Бил трогнат кога чул дека  попот, во првите денови од несреќата, во селската црква читал молитви за негово оздравување и од тогаш не престанал да размислува за Господ. Длабоко верува дека тој му дал втора шанса, па се зарекол дека нема да се врати на стариот пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top