| четврток, 6 декември 2018 |

За да го апсат Груевски, испратени обезбедувачите на Љубе и Шекеринска (фото)

Вечерва во станот на Никола Груевски се случува вистинска драма во режија на инквизицијата на власт, пренесува „Инфомакс“.

Постапувајќи по налог на Кривичниот суд, за стражарско приведување на Никола Груевски, испратени се полициски службеници, за кои актуелната власт инсинуира дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ биле уапсени по нарачка на Груевски. Ова е своевидна одмазда сервирана од Зоран Заев како благодарност на луѓето, вработени во полицијата, а неколку пати осудени за тешки кривични дела, пишува порталот.

Криминалците во овој случај со полициски значки, имаат за задача да вршат тортура врз Груевски и неговото семејство.

Основата во случајот ,,Тортура” беше дека Љубе Бошкоски бил сниман додека се спроведувала полициската акција за негово апсење и со тоа му се нарушиле човекови права. Полтичка дискриминација се вршела со емитување на снимки од неговото апсење, а сега истите оние кои беа дела од обезбедувањето на Бошкоски кои беа апсени заедно со него се шетаат со телевизиска камери при апсењето на Никола Груевски. Двајцаод од оние кои се гледаат на снимките се апсени при случајот Ровер. Додека Зоран Трајковски е приватно обезбедување на Љубе Бошковски.

Ова се тимовите за апсење на Љубе Бошковски и Радмила Шекеринска:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top