ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој период јасно покажува и ниту еднаш не ретерираше од ставот дека сме против договорот и против уставните измени, истакна денес генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го поддржат најавениот протест на 18-ти месец против уставните измени организиран од страна на повеќе граѓански здруженија.
-Се што се организира, а е во насока каде се изразува незадоволството и се што оди против промена на Уставот, против Договорот кој Заев и Димитров го потпишаа со Грција, тоа е истата наша цел кој целиот период наназад го имаме. Демократско право е на секој да излезе и да го искаже своето незадоволство, својот револт од оваа неспособна власт. ВМРО-ДПМНЕ не се јавува како организатор на ова, но се што е во насока на демократско изразување на волјата на граѓаните, особено во овој дел каде ВМРО-ДПМНЕ предничи и ја води оваа битка против промената на Уставот, нормално дека сме на истата страна, нагласи Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)