Гонзало Игуаин синоќа имаше голема желба да се докаже против својот поранешен клуб, италијанскиот шампион Јувентус, но таквата амбиција му донесе само проблеми бидејќи аргентинскиот напаѓач направи се’ што не требаше да направи на „Сан Сиро“.
Најпрво промаши пенал кој можеше да му донесе израмнување на Милан, а потоа откако Роналдо зголеми на 0-2, имаше и прекумерна реакција поради која заработи два жолти картони, односно црвен картон. Аргентинецот збесна за одлуката која ја донесе Мацолени и мораше да биде смируван од поранешните, но и актуелните соиграчи, а по натпреварот самостојно сфати каква грешка направи и се извини за својот потег.
– Реагирав така како што реагирав. Не требаше да го направам тоа, им се извинувам на соиграчите, на тренерот и на навивачите. Беше старт за жолт картон, одлуката беше донесена и се извинувам за реакцијата. Преземам одговорност за тоа, но секогаш кога играте против поранешниот клуб, чувствата се поинакви. Јас сум многу емотивна личност и понекогаш не знам да ги контролирам моите чувства. Поради тоа реагирав така, знам дека не оставив добар пример, па затоа мора да поработам на тоа да бидам помирен во иднина, заклучи Игуаин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст