По завршувањеτо на уставната ревизија да се даде дополнителна толкувачка изјава во врска со јазикот и државјанството, бара заменик министерката за цивилна заштита на Грција и претседателка на партијата НЕО, Катерина Папакоста, јави дописничката на МИА од Атина.
Во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, Папакоста вели дека нејзиниот предлог е веќе познат, а во следните денови ќе ги повика на дијалог политичките партии.
-Сметаме дека е неопходно постоење на толкувачка изјава веднаш по завршувањето на ревизијата на Уставот на соседната земја. Поконкретно, толкувачката изјава што ја предлага НЕО, ќе одредува дека: а) јазикот на соседната земја не се однесува на античкиот македонски јазик, туку ѝ припаѓа на групата словенски јазици. б) Националноста се однесува на државјанството (citizenship), вели Папакоста во интервјуто и додава дека со „чувство на национална одговорност”, нејзината партија го доставува предлогот до владата, народот и политичките партии, за „засекогаш да се реши големото национално прашање, со главен критериум, почитувањето на историјата и гарантирање на грчките национални интереси”.
Катерина Папакоста, до лани беше член и пратеник на Нова демократија, а подоцна ја формираше партијата НЕО и по реконструкцијата на крајот од август годинава, влезе во коалиционата грчка Влада како заменик министер за цивилна заштита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст