| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од Центар и Ѓорче Петров утре без струја

Корисниците од дел од улицата „Македонска Преродба“ во општина Ѓорче Петров утре од 9 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10 до 13 часот без струја ќе бидат и корисниците од делот од улицата „Максим Горки“ на потегот од Тренд кафе до слаткараницата Марфи во општина Центар, од 11 до 13 часот корисниците од улицата „Лондонска“ зграда бр. 46, објектите околу пазарчето Тафталиџе и улицата „Московска“ згради, бр. 5 и бр. 7, а од 12 до 14 часот корисниците од дел од улицата „Исаија Маџовски“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top