| четврток, 6 декември 2018 |

Решен случајот со иглите во јагодите

Педесетгодишна жена е уапсена во Австралија во врска со инцидентот со иглите кои беа ставани во пакувањата со јагоди.

Откако во септември беа пријавени првите вакви случаи, австралиската полиција покрена обемна истрага.

Полицијата ја товари  50 годишната жена за поврзаност со над 100 случаи кога биле најдени игли во јагоди , кои се продавале во маркетите.

Утре жената ќе биде изведена пред судот во Бризбејн.

По откривањето на пакувањата со јагоди во кои се набодени игли , австралиската Влада ги зголеми казните за намерно контаминирање храна на 10 до 15 години затвор.

Игли во јагодите се најдени прво во државата Квинсленд , а потоа и во други држави , а поединечни случаи имало и на банани , јаболка и манго , во кои имало игли.

Стравот од игли сериозно го погоди бизнисот со овошје во цела Австралија , која е голем извозник во земјите на Блискиот Исток и низ Азија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top