| четврток, 6 декември 2018 |

Макрон VS Трамп: Битката во ракување продолжува, Макрон убедливо води (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера додаде уште едно поглавје на епската битка во ракување со американскиот колега Доналд Трамп

Сѐ почна во мај, 2017 година кога двајцата лидери се сретнаа за прв пат. Во месеците пред средбата, Трамп веќе си имаше изградено репутација на човек со кој не сакате да се ракувате. Па така, кога дојде време за средбата, францускиот претседател се појави подготвен.

Неколку месеци подоцна, приказната стана уште почудна, кога Трамп ја посети Франција и присуствуваше на Денот на Бастилја. Кога тој и првата дама Меланија Трамп се сретнаа со Макрон и неговата сопруга Брижит Троње, ракувањето траеше толку непријатно долго, што медиумите посветија цели прилози во анализа на држењето за рака.

Тензиите меѓу двајцата лидери се смирија до април, 2018 кога повторно се сретнаа, овојпат во Белата куќа, кога ракувањето прерасна во прегратки, тапкања, братски поздрави, бакнежи во воздух.

Ситуацијата ескалираше неколку месеци подоцна, на самитот Г7, кога Макрон толку цврсто го зграпчи Трамп, што му остави трага на дланката.

И последното поглавје, вчерашната средба. Макрон покажа дека убедливо води во оваа несекојдневна битка во ракувања – му дозволи на Трамп прв да почне да се повлекува и потоа го стисна молскавично и го пушти, цело време ноншалантно гледајќи во камерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top