| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица повредени во сообраќајка во Кавадаречко

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која 15 минути по полноќ се случила на регионалниот пат Кавадарци – Ресавска Спирка.

Дваесет и четиригодишниот Н.И., кој управувал со „ФИАТ пунто“ со кавадаречки регистерски таблички, изгубил контрола над возилото и се превртeл на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајцата сопатници А.Н. (23) и Н.И. (24), и двајцата од Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци и се работи на целосно расчистување на случајот.

фото: илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top