| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на чествувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна (ФОТО)

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицковски,  потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Иванчо Тошевски денеска во Битола на француските гробишта присуствуваат на  чествувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна.

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна (“Commémoration du 11 novembre 1918”) и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија заедно го одбележуваат  споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи. Комеморациите  денеска се одржуваат на француските воени гробишта во Битола и  на германските воени гробишта во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top