| четврток, 6 декември 2018 |

Макрон: Не земајте го мирот здраво за готово (ВО ЖИВО)

Во главниот град на Франција започна церемонијата по повод одбележувањето на 100 години од крајот на Првата светска војна.

Повеќе од 80 шефови на држави и влади на државите учесници во војната, но и високи претставници на Обединетите нации, европски институции и други меѓународни делегации, пристигнаа во Париз, каде пред Триумфалната капија започна чествувањето на 100-годишнината

Обраќање има францускиот претседател Емануел Макрон, а на денешното одбележување во Париз е и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, како и претседателот на Србија Александар Вучиќ.


Францускиот претседател Емануел Макрон ги предупреди светските лидери да не го земаат мирот здраво за готово.

Макрон ваквата изјава ја даде непосредно пред одбележувањето на 100-годишнината од крајот на првата светска војна за време на вечерата во Париз, објави АП.

„Некои од нас беа на различни страни за време на војната, вечерва ние сме обединети. Тоа е најголема чест што можеме да им ја дадеме на војниците кои се бореа во Првата светска војна„ рече Макрон.

Покрај земјите победнички во Првата светска војна, на одбележувањето присутни се и претставниците на поразените земји, како што е Германија, чиј претставник денеска е канцеларката Ангела Меркел.

Писмата од Првата светска војна напишани пред стотина години, денеска во Париз ќе ги читаат осум тинејџери за време на церемонијата.

Ширум светот денеска се одржуваат комеморации со кои се одбележуваат 100 години од потпишувањето на Примирјето со што беше ставен крај на Првата светска војна.

Во Австралија одржана е свеченост во Националниот воен Меморијал во Канбера, додека во Аделејд со авион од воздух се фрлени ливчиња од мак.

На Нов Зеланд, во Велингтон овој ден е одбележан традиционално – со две минути молчење, почесна стрелба, додека во 11 часот по локалнио време ѕвонеле камбаните во сите цркви.

Во Индија се одржуваат церемонии за 74.000 војници кои загинале во борби на другата страна од светот.

Главната свеченост се одржува во Париз.

Во Првата светска војна, која траела од 1914 до 1918 година, загинале 9,7 милиони војници и 10 милиони цивили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top