Има простор да им се прости на луѓе кои се колатерална штета на една погрешна кауза, за настаните на 27 април во Собранието, но процесот ќе биде во консултација со меѓународни партнери, вели вицепремиерот Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Османи вели дека Владата никако нема да отстапи од линиите што ги поставува ЕУ и ќе го почитува барањето на ЕК за целосна одговорност за случувањата на 27 април, а телото за помирување што се формира во Собранието ќе работи на државно помирување, какво што ѝ е потребно на државата во моментов.
-Помирувањето не значи помилување, не значи амнестија како што беше сфатено. Обврска на премиерот е да ја покрене, да ја лансира идејата дека државата има потреба од помирување и ајде да ги видиме примерите, какви примери има во светот, коишто можат да бидат добра пракса, а ние можеме да ја имплементираме. Но, реков дека во тој процес на помирување не смее на ниеден начин да се промовира принципот на неказнивост на тие што се директно вклучени во насилство или организатори на насилство и тоа се тие црвени линии кои ги кажуваме во тој процес. Но доколку има добри практики во светот за помирување за настани од сличен карактер, дајте да ги разгледаме, државата сега има потреба од тоа, но никако тоа нема да го направиме надвор од линиите што ги поставува ЕУ.
Сепак постои простор да им биде простено на обвинетите пратеници иако Османи во интервјуто се огради од ова. Тој верува дека со обвинението за случувањата на 27 април се опфатени и лица коис е колатерална штета.
-Нека се разговара, доколку има такви моменти кои се колатерална штета на една погрешна кауза, а за тоа биле несвесни во моментот кога тоа се случило, а има таква пракса во светот, да го разгледаме и да видиме и се разбира дека тоа ќе биде во консултација на нашите меѓународни партнери. Не сум јас тој што треба да кажам, бидејќи не ги знам деталите од случувањата, меѓутоа претпоставувам дека таму имало луѓе кои што биле колатерална штета и не биле свесни ќе следи еден таков процес и едноставно се нашле таму. Доколку има простор за такво нешто мислам дека треба да се разговара.
Целото интервју со вицепремиерот Бујар Османи, може да го погледнете тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст