| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во Париз на одбележување на стогодишнината од крајот на Првата светска војна

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска престојува во работна посета на Француската Република, каде на покана на ретседателот на Француската Република, Емануел Макрон, ќе присуствува на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, на церемонијата што ќе се одржи пред Триумфалната капија во Париз, свое обраќање ќе има Макрон, а предвидено е присуство на лидери чии земји се бореле во Европа од 1914 до 1918 година, како и земјите кои испратиле свои контингенти да војуваат во Европа.

Претседателот Иванов ќе присуствува и на приемот, што за учесниците на церемонијата, ќе го приреди претседателот Макрон во Елисејската палата.

Попладне, претседателот Иванов ќе присуствува и ќе се обрати на Парискиот мировен форум, што ќе се одржи на иницијатива на францускиот претседател. На отворањето на форумот ќе се обратат Макрон, Канцеларката Ангела Меркел и Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

За време на работната посета на Француската Република и присуството на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, претседателот Иванов ќе биде придружуван од сопругата, Маја Иванова, која ќе присуствува на приемот што ќе го приреди првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top