| четврток, 6 декември 2018 |

Двоен скандал на „Златен гонг“, а ниту еден трофеј: Репрезентативците-Албанци не станаа на химната, но летаа орли со Косовците (ФОТО)

Македонските боксерски репрезентативци годинава го одбележаа традиционалниот боксерски турнир „Златен гонг“, но не со значаен резултат, туку со скандалозното однесување на првиот и вториот ден од оваа спортска манифестација, пишува спортскиот портал Спорт1.

По завршувањето на финална борба во категорија до 64 килограми, во која славеше Диели Враноци од Косово, македонскиот репрезентативец Алим Насуфи му честиташе на противникот со тоа што му подаде рака за заедно да „летаат орли“.

На свеченото отворање на турнирот, при интонирањето на македонската химна, единствени што не станале да ја испочитуваат биле македонските репрезентативци од албанска националност. Сите присутни во салата што биле дојдени од другите земји се чуделе што е работата, но засега нема официјална реакција од организаторот дали ќе ги казни сторителите на овој чин.

На 48 Турнир „Златен гонг“ Македонија ја претставуваат осум боксери на чело со селекторот Чурлиновски и тренерите Владимир Цекиќ и Скендер Јахиу. Турнирот се одржа во Скопје, во малата сала во СЦ „Борис Трајковски”, а организатори беа Боксерската федерација на Македонија, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Македонија, а како коорганизатори се јавуваат градоначалникот и Советот на град Скопје и Сојузот на Спортските федерации на Македонија.

Боите на Македонија на финалето од турнирот ги бранеа Џан Демиров (во категорија до 52 килограми), Јасин Лама (до 60 кг.), Денис Муаремовски и Агим Насуфи (до 64 кг.), Гоце Јанески и Љулзим Исмаили (до 69 кг.), Октај Фератов (до 75 кг.), и Арсим Етеми (до 81 кг.).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top