| четврток, 6 декември 2018 |

Незапаметено невреме го одложи дербито меѓу Бока и Ривер

Еден од потенцијално најдобри натпревари во светот, во финалето од Копа Либертадорес, меѓу Бока јуниор и Ривер Плата, е одложен поради невреме.

Натпреварот требаше да започне во 21 часот по локално време, но обилните врнежи од дожд не дозволија одигнување на овој натпревар.

Судиите излегоа на теренот, утврдија дека топката не може доволно да отскокне, а во тие моменти повторно започнало невреме, по што одложувањето било неизбежно.

Невремето денес го погоди Буенос Аирес, а обилните врнежи од дожд траеле неколку часа.

Дуелот ќе се игра утре, во 20 часот по средноевропско време, а реваншот е на програма на 24 ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top