| четврток, 6 декември 2018 |

Меси се враќа за натпреварот со Бетис

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси се најде во групата на каталонците за утрешниот дуел со Бетис од 12-тото коло на шпанската Ла Лига. Меси е надвор од терените во последните 20 дена, откако скрши коска на десната рака за време на натпреварот со Севиља на 20 октомври.

Тој беше во групата на Барса за дуелот со Интер од Лигата на Шампионите во текот на неделата, но не влезе во игра, а по се изгледа дека неговото враќање на теренот ќе биде утре.

– Ќе процениме утре колку минути може да да одигра, но најважно е дека го изгубил својот страв од паѓање и дуели со противнички играчи. Важно е тоа да излезе од главата, не можете да мислите на такви работи за време на натпревар. Го видов дека тренира добро и со доверба – прокоментира тренерот на тимот, Ернесто Валверде.

Во групата на шампионите се враќа и централниот дефанзивец Самуел Умтити кој не играл од крајот на септември, кога заработи повреда на коленото.

Дуелот со Бетис сигурно ќе го пропушти крилото Усман Дембеле, кој е изоставен од списокот со играчи поради „спортски причини“.

Барселона го пречекува Бетис на „Ноу Камп“ утре од 16,15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top