| четврток, 6 декември 2018 |

Епидемија на ебола во ДР Конго, најголема во историјата на државата

Епидемијата на вирусот ебола што моментно се шири во ДР Конго, е најголема во историјата на таа држава – 319 потврдени случаи на заболени, соопшти Министерството за здравство.

Од болеста досега животот го загубија 198 луѓе во провинцијата Киву и Итури каде напади и отпор на жители спречиле здравствени лица да помогнат.

Откако е откриен вирусот на ебола во 1976 година досега епидемијата избила повеќе од 10 пати.

– Епидемијата што е во моментот, е најголема во историјата на ДР Конго – изјави Џесика Илунга, портпаролка на Министерството за здравство.

Со повеќе од 300 заболени, таа епидемија се рангира како трета најголема во историјата на континентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top