| четврток, 6 декември 2018 |

Плач одѕвонувал во собранието: Пратеничка на сред седница дознала дека ќерка и по грешка е убиена!(видео)

Седницата на парламентот во Мексико денеска е прекината кога една пратеничка дознала дека ќерка и е убиена додека вежбала во теретана.

Кармен Медел Палма од Националното движење за регенерација, во солзи ја напуштила седницата кога по телефон ја известиле дека во нејзината 22 годишна ќерка е пукано девет пати.

Таа урлала на целиот глас, додека колегите се обидувале да ја смират.

Дејли Меил пренел дека настраданата девојка била студент по медицина и дека е убиена по грешка.

Имено, гувернерот на Веракруз, Мигел Ангел Иунес, објаснил дека девојката е со сличен физички изглед, која идела во иста теретена, идентификувана како член на криминална банда и дека таа била вистинска мета.

Меѓутоа, убиецот очигледно ги помешал девојката и по грешка ја усмртил ќерката на пратеничката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top