Ким Кардашијан морала итно да ја напушти својата вила поради пожар кој изби во Калабасис во Калифорнија.
Старлетата била исплашена, но се снимила од авион и објаснила што се случило.
„Штотуку слетав назад. Имав само еден час време да ги спакувам работите. Се молам за луѓето“, напишала Ким покрај фотографијата од авион на која се гледа како пламти пожарот.
Таа им се заблагодари на пожарникарите кои се трудеа да ги спасат животите на загрозените луѓе.
Според досегашните информација во Калифорнија моментално се активни 14 пожари и се уништени 21.000 ари земјиште.
Илјадници луѓе се евакуирани, државните институции затворени, вклучувајќи ги и училиштата и болниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)