| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Во ЕУ се лиферувани лажни вести дека користиме притисоци и закани врз пратениците

Во интервју за Алфа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говореше околу собирот на народните партии на Европа во Хелсинки и за лажните вести кои беа продуцирани за време на неговиот престој таму. Притоа тој посочи дека кај меѓународната заедница владее погрешна перцепција околу вистинските настани кои се случувале на самиот самит.

„Во меѓународната заедница за жал владее погрешна перцепција дека некој овдека од ВМРО-ДПМНЕ користи насилни методи дека се служи со закани ги притиска пратениците што е комплетно погрешно и погрешни вести стигаат од тука. Видовме дека и каналот на тие погрешни вести преку кој иде еден пратеник од една соседна земја кој ги лиферува тие вести и кои апсолутно не се точни, рече Мицкоски.

Притоа посочи дека имал можност да разговара за вистинските настани кои се случуваат во Македонија и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потенцира дека никогаш не подржувал и го осудува секој вид на насилство, закани и уцени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top