| четврток, 6 декември 2018 |

Дидје Дрогба ја заврши кариерата

Поранешниот напаѓач на Челси, Дидје Дрогба, стави крај на богатата фудбалска кариера. Тој во последниот свој дуел за Феникс загуби од Луисвил со 1-0 во во финалето на плеј-офот од американскиот УСЛ куп.
Легендарниот фудбалер од Брегот на Слоновата коска, во март го прослави 41 роденден. Дрогба најави останување во американскиот клуб каде е еден од тројцата сопственици.

Во текот на кариерата играше за Монтреал Импакт, Галатасарај, Шангај, Марсеј, Ле Ман, Гингамп и Челси. Со „сините“ од Лондон во која во 2012 година го освои трофејот во Лигата на шампионите.

Има и четири титули во Премиер Лигата, како и трофеи од ФА купот, Лига купот, Комјунити Шилд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top