Капиталните инвестиции се со катастрофален резултат од 27.4% до овој момент, а остануваат уште два до три месеци за реализација на предвидените проекти од власта, но јасно е дека градежната сезона полека одминува и следните месеци не се толку поволни за градежен и инфраструктурен прогрес, смета Владо Мисајловски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот „Фејсбук“ предупреди дека македонската економија е во пропаст, а на народот му е преку глава од лагите.
„Едноставно економијата е во пропаст и безидејност, но оваа тема не треба да се зборува бидејќи во секое развиено општество владата за ваков неуспех треба да си поднесе оставка и јавно да признае и да се извини дека ништо не сработила за граѓаните.
Тезата дека оваа власт е НЕСПОСОБНА и дека ништо не работи секој ден се докажува скоро во секој ресор а од друга страна повеќе НЕ ПОМИНУВААТ нивните ветувања со зборот ЌЕ….
Оваа власт ниту ја бивало ниту ќе ја биде и затоа е очигледно е дека нивниот бунар нема дно, но затоа ЌЕ има зголемување на даноците и ребаланс за кратење на средствата за проекти…“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мисајловски: Озбилни сте?
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)
-
Мисајловски: 100 нови улици во Ѓорче, ќе нема ни една неасфалтирана улица! (видео)
-
Мисајловски: Сите депонии во Ѓорче Петров ќе ги претвориме во зелени површини (видео)