| четврток, 6 декември 2018 |

10 минути фора да избришете испратена порака

Фејсбук месинџер наскоро ќе ви дозволи да ги избришете испратените пораки во рок од 10 минути од моментот кога ќе го притиснете копчето. Функцијата е запишана како „доаѓа наскоро“ во верзијата 191,0 на ајОС клиентот на Фејсбук месинџер.

Споредено со целиот час, кој социјалната мрежа ви дава за да отстраните погрешна порака во ВатсАп, 10 минути може и да не се доволно време за реакција, но сепак е подобро од зачувувањето на пораката засекогаш.
Фејсбук ја разгледува функцијата „Unsend“ од април, откако стана јасно дека компанијата тивко бришела пораки испратени од нејзиниот шеф Марк Зукерберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top