| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров, Богојески и Александрова поканети како гости на ЕНП (ФОТО)

Нема две делегации од ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на Европската народна партија во Хелсинки, како што сакаат да прикажат провладините медиуми. „Втората делегација на ВМРО-ДПМНЕ“, за која се пишува деновиве, составена од Никола Тодоров, Емилија Александрова и Петар Богојески, всушност, е составена од тројца од 3000-те гости поканети на Конгресот.
На Конгресот на Европската народна партија има 758 делегати и 3.000 гости, кои годинава се означени со жолти (делегатите) и црвени (гостите) картички.
Како што се гледа, Александрова и Тодоров имаат црвени картички, на кои пишува ГОСТИН, додека картичките на учесниците во работниот дел, Хан и Мицкоски, се жолти.

Богојески, Александрова и Тодоров гости на Конгресот на ЕНП, фотографирани со Јоханес Хан, делегат

Христијан Мицкоски и Јоханес Хан, делегати на Конгресот на ЕНП

 

ВМРО-ДПМНЕ има четири официјални делегати кои учествуваат во работниот дел на Конгресот со право на глас, а тоа се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Влатко Ѓорчев и советникот за меѓународна политика Тимчо Муцунски.

Европската народна партија годинава покани 3.000 гости, од кои најголем дел се студенти кои на овој начин ги стекнуваат првите искуства, а присуството на конгресот го користат и стекнување контакти, за пишување блогови и семинарски трудови, но и за да се фотографираат за спомен со официјалните делегати на Конгресот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top