Четириесетгодишниот Г.Б. од селото Мешеишта во Општина Дебрца е жртвата во сообраќајната несреќа, што синоќа околу 19 часот се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево кај селото Горенци.
Во несреќата учествувале патничко возило „цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 21-годишно лице од село Црвици, Кичевско и мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б. кој подлегнал на повредите на местото на несреќата.
Смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска помош, додека увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР – Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст