| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина силувале четиригодишно девојче додека лежело на интензивна нега

Четиригодишно девојче билo силуванo од петмина додека се лекувало на Одделението за интезивна нега во една болница на северниот дел од Индија.

Девојчето ѝ се доверило на баба си дека го силувале еден вработен во болницата и уште четворица мажи додека било само на одделението.

Полицијата успеала да уапси еден од злоставувачите, додека по останатите се трага, пренесуваат локалните медиуми.

Надлежните ги побарале и снимките од безбедносните камери  за да утврдат зашто девојчето било само на интезивна нега. Во болницата престојувало четири дена, а се лекувало од каснување на змија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top