| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент вчера во Идризово – Затвореник нападнал надзорник, повреден завршил на Клиника

Вчера околу 13 часот, било пријавено дека во Казнено-поправната установа Идризово, при вршење служба во амбулантното одделение, надзорникот Ѓ.Д. (33) бил физички нападнат од осуденикот С.А. (33).

На Ѓ.Д. му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top