| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачот на Аеросмит стана свештеник

Пејачот на Аеросмит, Стивен Тајлер платил 80 долари за да стане свештеник на Универзалната црква на животот, и сега може легално да венчава двојки ва САД.

Првиот брак се склучил викендов, а новопечениот свештеник ги венчал синот и неговата избраничка.

Тајлер титулата свештеник ја добил откако го завршил интернет курсот организиран од црквата, за којшто платил 80 долари. А пак, минималната цена за неговите услуги изнесува 200.000 долари, наведува изворот.

Рок ветеранот потоа се понудил да ги венча и Џастин Бибер и манекенката Хејли Болдвин.

Неодамна и тапанарот Мик Флитвуд го мина курсот за свештеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top