| четврток, 6 декември 2018 |

Девојчето што падна во Вардар пронајдено мртво

Последната вест која пристигна од Гостивар е дека девојчето кое вечерва падна во водите на реката Вардар е пронајдено мртво. Нејзиното тело го пронашле мештани, а го извлекла полицијата. Лекарите само констатирале смрт, а полицијата врши увид.

Како што пренесоа медиумите девојчето кое се претоставува дека е на 17-годишна возраст, бегајќи од кучиња скитници, паднало во реката. Сведоци на трагедијата биле минувачи кои повикале помош. Но и покрај интензивната потрага девојчето не е спасено

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top