| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец уапсен во Италија со три килограми кокаин

На граничниот премин Комо Брогеда, на италијанско-австриската граница, полиција уапсила 40-годишен македонски државјанин, во чиј автомобил открила три килограми кокаин.

Македонскиот државјанин, чиј идентитет не се наведува, кој патувал со луксузен автомобил марка „БМВ7“ изјавил дека се враќа од Холандија и оти патува за Албанија. При конрола на возилото биле откриени три пакетчиња од по килограм чист кокаин, скриени во посебно направен дел во внатрешноста на луксузниот авотмобил. Одземени се и возилото, како и два мобилни телефони.

Уапсениот македонски државјанин, кој е пренесен во затворот Басоне, според италијанските медиуми ќе одговара за меѓународна трговија со дрога.

Под ова обвинение му се заканува затворска казна од шест до 20 години и парична казна од 26 илјади до 260 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top