| четврток, 6 декември 2018 |

Романтичарот Шилегов: Имам голем скок, до ден денес фаќам обрач (видео)

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во интервју за „Бекстејџ“ отворено зборувал за своето детство и приватниот живот. Тој открил дека отсекогаш бил рокер во душа, своевремено дури имал и долга коса која едвај го натерале да ја пострижи, а додаде и дека не било точно дека е боем, туку дека напротив, отсекогаш бил многу смирен.

– Отсекогаш сум бил и ќе останам рокер. Кога бев прва година средно морав да се ишишам, едвај ме убедија, во тоа време беше забрането во училиште момците да носат долги коси. Како и сите тинејџери, така и јас имав мои жолти минути, се што поминуваат денешните адолесценти, сум поминал и јас, изјавил Шилегов и додал дека се смета за романтичар по природа.

Скопскиот градоначаланик исто така додал дека во тинејџерските денови се бавел со кошарка, но и дека до ден денес има голем скок и може да го дофати обрачот.

– Едно време сериозно добро играв баксет. Потоа скршив стопало и престанав да играм. На 16 години имав потпишано професионален договор… тогаш имав 30-тина кила помалку, сериозна скочност, до ден денес фаќам обрач, а тогаш „куцав“, додал Шилегов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top