| четврток, 6 декември 2018 |

Макрадули нема идеја што да прави со загадувањето додека ние дишеме канцер

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули преку фејсбук ја информираше јавноста дека наводните податоци од мерната станица во Горче ептров се шпекулација и дека Министерството за животна средина таму нема поставено мерна станица.

-За мене необјасниви причини само еден медиум праша што се случувало во даден момент со воздухот во Ѓорче Петров. Министерството за животна средина нема мерна станица во општина Ѓорче Петров. Покрај тоа, Невозможно е толкава концентрација (ако имало) да не се детектира никаде на друго место.

Впрочем и на приложениот график се гледа дека се работи за случаен погрешен импулс, а и големите бројки за висока концентрација не постојат. Секако со објавава не барам алиби, напротив останува мојата определба борбата со загадувањето да стане врвен приоритет и мојот став дека ни треба координирана и интегрирана акција базирана на факти – напиша Макрадули.

Мерните инструменти на апликацијата “Мој Воздух”, преку која може да се информираме за квалитетот на воздухот во нашата земја, утрово покажуваа енормна загаденост на воздухот во скопската општина Ѓорче Петров. Додека Скопјани се загрижени, Министерството за животна средина и просторно планирање ги демантираше ваквите информации, со образложение дека во оваа општина воопшто и нема поставено мерна станица.

За разлика од утринските часови, попладнево апликацијата “Мој Воздух” покажуваше поинакви резултати.

Изминатиов период меѓународните организации задолжени за следење на квалитетот на воздухот во светот ја ставија Македонија на врвот по загаденост. Макрдули вели дека во борбата за надминување на ваквата состојба треба да се вклучат сите засегнати страни.

Од ВМРО обвинуваат дека воздухот во Македонија е загаден како никогаш досега, а властите не преземаат ништо да се подобри состојбата.

Светската здрваствена организација, но и Европската агенција за животна средина ја рангираа Македонија на првото место на листата како земја со најзагаден воздух во Европа. Градот Тетово пак се најде меѓу 10те евроспки градови со најголема концентрација на токсични ПМ 10 честички во воздухот.

И официјално, Македонија има најзагаден воздух на континентот: Европа го запали црвениот аларм(видео)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top