| четврток, 6 декември 2018 |

Колариќ: Дали власта ги исклучи мерните станици за да го скрие енормното загадување во Скопје?

Грејната сезона уште не e почната, а воздухот е загаден како никогаш досега во овој период од годината, рече во изјава Светлана Колариќ, советнчка во Советот на Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Како што наведе таа, случајно или намерно токму кога СДСМ е на власт, мерните станици во Лисиче, Гази Баба и Битола наеднаш престанаа да функционираат.

МАКЕДОНИЈА(Видео) Колариќ: Дали власта ги исклучи мерните станици за да го скрие енормното загадување во Скопје?Објавено пред 2 часа – 4 ноември, 2018Од Макфакс

Грејната сезона уште не e почната, а воздухот е загаден како никогаш досега во овој период од годината, рече во изјава Светлана Колариќ, советнчка во Советот на Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Како што наведе таа, случајно или намерно токму кога СДСМ е на власт, мерните станици во Лисиче, Гази Баба и Битола наеднаш престанаа да функционираат.

„Дали власта поради тоа што не презема никакви мерки за справување со загадувањето ги исклучи мерните станици со цел граѓаните да не знаат кое е нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ 10 честички? Дали Скопјани и оваа зиме повторно ќе се гушат?“, јавно зашраша Колариќ, која рече дека премиерот Заев и скопскиот градоначалник Шилегов не преземаат ништо за справување со загаденоста.

Како што истакна советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Шилегов кој ветувал експресно решавање на проблемот, сега цела година повторува дека нема инстант решение за загадувањето во Скопје.

„Граѓаните од населените места каде загадувањето е највпечатливо не можат да видат дали и колкаво е нивото на загадувањето, затоа што власта подолг период не ги сервисира мерните станици. Иако имаше време тоа да го направи и да ги оспособи доколку навистина се нефункционални пред да започне сезоната на зголемено загадување“, посочи Колариќ.

Таа додаде дека моменталната неактивност на одредени мерни станици не може и не смее да биде оправдување за обврската граѓаните да добиваат известување за нивото на загадување на воздухот и повика доколку оваа власт не може да го реализира она што го вети, веднаш да си замине.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top