Два нови помали земјотреси ја потресоа областа во близина на западниот грчки остров Закинтос, но истите не предизвикале никаква штета, соопштија грчките геолошки експерти.
Институтот за геодинамика во Атина информира дека земјотресите се случиле во рок од седум минути, објави агенцијата АП.
Првиот, со јачина од 4,4 степени, бил регистриран во 5:11 по локално време, a епицентарот бил на 78 километри јужно од Закинтос, на длабочина од 10 километри.
Седум минути подоцна, земјотрес од 5,0 степени бил забележан 59 километри југозападно од островот на длабочина од седум километри.
На 26. октомври, Закинтос беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,4 степени, а оттогаш се регистрирани 21 нови земјотреси во интервал од 4,0 до 5,5 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст