| четврток, 6 декември 2018 |

Турска амбасадорка отповикана оти се облекла како Елена Тројанска

Турската амбасадорка во Уганда, Седеф Јавузалп, беше отповикана откако на прием по повод 95-годишнината од основањето на модерната Турција, облекла костум инспириран од Елена Тројанска.

„Хуриет” објави фотографија која покажува дека на приемот во амбасадата во Кампала, носи фустан со мотиви од античка Грција.

Турски медиуми пишуваат дека Јавузалп била облечена како Елена Тројанска, а слични антички комбинации имале и другите вработени во амбасадата.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, напиша на Твитер дека „истрагата започнала веднаш по објавувањето на фотографиите, а амбасадорката е отповикана”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top