| четврток, 6 декември 2018 |

Клековски: Ова е конечен договор којшто не е конечен и ќе не оптеретува во наредните 10 години

Сашо Клековски, аналитичар, во дебата на „360 Степени“, зборуваше за уставните измени откако Владата ги утврди нацрт-амандманите и ги испрати до Собранието.

Тој рече дека во промената на членот 49 не гледа ништо спорно бидејќи грижата за Македонците во соседството е само декларативна која и досега не се исполнувала.

– Прашањето за преамбулата, пак, е исполнување на каприците на грчката страна, односно во членот 36 може да остане „Македонија“ во историски контекст, ама во Преамбулата дека на 8 Септември се конституира Република Северна Македонија е каприц, бидејќи историски факт е дека на 8 Септември донесовме одлука да ја конституираме Република Македонија а не Република Северна Македонија. И за мене клучната критика на целиот договор е всушност дека станува збор за конечен договор којшто не е конечен. Бидејќи не знаевме што ќе бидат уставните амандмани, сега не знаеме што ќе биде уставниот закон, не знаеме што ќе биде исходот на разговорите за употребата на брендовите, трговската употреба на брендовите „Македонија“ и „македонски“ и трговските имиња, и не знаеме што ќе биде исходот на комисијата за археологија, историја и образование – рече Клековски.

Тој вели дека преку ноќ нема да создадеме пријател во Грција а како доказ ја наведе неодамнешната воена парада во Солун и рече дека договорот наместо да го ослободи баластот од спорот за името ќе не оптеретува во наредните 10 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top