| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски со жените на ВМРО-ДПМНЕ: Тие цврстиот и носечки темел на нашата организација

Жените се еден од цврстите и носечки темели на нашата организација. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е симболот на непокорот, цврстината и решителноста, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешниот состанок со ИК на УЖ.

  • Македонската жена е и мајка, сопруга, одличен работник и професионалец, но и борец за подобра иднина, предвесник на промените во државата кои се нужни и повеќе од потребни. Ми беше чест што имав состанок со Извршниот Комитет на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ – рече Мицкоски.

Секој ден се посилни, секој ден се порешителни, низ сите падови, и подеми, за кој друг ако не за Македонија и секој еден човек на нашата земја, рече Мицкоски за жените на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top