| четврток, 6 декември 2018 |

Ја терал сопругата да се самоубие за осигурувањето

Австралиски државјанин е осуден на 10 години затвор поради поттикнување на својата сопруга на самоубиство, што е прв таков случај во светот.

Се верува дека 68-годишниот Греам Морант бил клучниот фактор во планирањето и извршувањето на самоубиството на неговата сопруга во 2014 година. Морант ја мотивирал својата сопруга на самоубиство за да дојде до нејзиното животно осигурување, пренесува Би-би-си.

-Ја советувал својата жена да се самоубие бидејќи сакал да земе 1,4 милиони долари, изјави Питер Дејвис, судија на врховниот суд на Квинсленд.

Госпоѓа Морант патела од хронични болки, депресија и мачнини, но не била смртно болна, пишуваат австралиските медиуми. Ова е првпат некој во светот да е осуден поради поттикнување на самоубиство, кажа судијата.

Морант се изјасни за невин, но докажано е дека неговата сопруга не би го извршила самоубиството без влијанието од својот сопруг.

Морант, инаку побожен христијанин, тврдеше дека парите на својата жена планира да ги искористи за помош на верската заедница. Но, тоа не беше доволно да го убеди судијата дека е невин. Исто така, тој не покажа жалење за своите постапки.

-Сте ја искористиле нејзината ранливост, ранливоста на болна и депресивна жена, кажа судијата.

Морант доби максимална казна од 10 години затвор за поттикнување самоубиство и шестгодина казна поради обвиненијата за помош во самоубиство. Казните ќе ги лежи истовремено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top