| четврток, 6 декември 2018 |

Се гради нов објект од тешката и загадувачка индустрија во скопската железарница?

Без никакви најави и подетална дебата во јавноста, скопската општина Гази Баба го објави огласот за давање под долготраен закуп на 99 години на градежно земјиште сопственост на Република Македонија што се наоѓа во склоп на скопската железарница. Станува збор за огласена парцела со површина од 66.996 метри квадратни и со предвидена површина за градење од 46.897 метри квадратни. На парцелата 1.6 ќе се гради објект од тешката и загадувачка индустрија со максимална развиена површина од 70.346 метри квадратни, којшто ќе има компатибилни класи на намена Д1, Д2, Б4, В2, Г2, Г3 и Г4 до 49% од вкупната површина на идниот објект, пишува „Билд“.

Деталниот урбанистички план за градската четврт С 17 блок 1 е донесен од општина Гази Баба на 14 март 2017 година. Во самиот ДУП стои дека на огласената парцела ќе може да се изгради објект со висина од приземје и два ката. Како што се наведува во огласот објавен од општина Гази Баба, почетната цена на годишната закупнина на електронското јавно наддавање за оваа градежна парцела ќе изнесува 3.05 денари за метар квадратен, односно 204.337 денари годишно за целото земјиште огласено за давање под закуп.

Повеќе детали на Билд. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top