| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко е на дијализа, лекарите во шок: Уште немаме видено на некој толку бргу да му откажуваат бубрезите!

Дарко Лазиќ, кој десет дена се наоѓа во КБЦ Земун откако на 23 октомври доживеа тешка сообраќајна несреќа кога неговиот автомобил слета од патот и се преврте на кров, се уште е на дијализа.

-Дарко се уште е на дијализа. Не сум видел на некого толку брзо да почнат да му откажуваат бубрезите после несреќа. Откажувањето на бубрезите е нешто што се очекува во такви ситуации, но вака брзо се уште немам видено-рекол еден о лекарите во КБЦ Земун.

На пејачот веќе му е извадена слезината, со што лекарите го запреле внатрешното крварење. Во наредниот  период се чека операцијата на колкот, а се зависи од состојбата  во која се наоѓа пејачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top