| четврток, 6 декември 2018 |

За да не се губи време, на Марковски, кој е во болница, одделно ќе му се суди за „27 април“

Судот ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, вработен во МВР, на денешното рочиште за случајот „27 април“.

На Марковски, кој е обвинет затерористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, ќе му се суди во посебна постапка, бидејќи му е нарушена здравствената состојба и е на лекување во болницата „8 Септември“. Поради болеста на Марковски беше одложено минатото судско рочиште.

Судијката Добрила Кацарска соопти дека судот добил известување од болницата ’8 Септември‘ дека обвинетиот Сашо Марковски, поради нарушена здравствена состојба, треба да биде под постојан надзор, по што обвинителката Вилма Русковска побара издвојување на постапката против него за да не се одолговлекува постапката за останатите лица, од кои дел се во притвор.

Судијката Кацарска го прифати барањето на Русковска по што рочиштето продолжи со гледање видеоснимки од нападот во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top