| четврток, 6 декември 2018 |

Годишно 3.000 Македонци умираат од аерозагадувањето, а 160 илјади евра од екологија отидоа за референдумот

Светската здравствена организација во последниот извештај прикажа дека не се 1350 луѓе директни жртви на загадувањето во Македонија, туку, бројката е повеќе од двојно поголема, односно околу 3000. Екологистите предупредуваат дека несериозно се пристапува кон решавање на проблемот. Особено од страна на политичарите.
– Заврши референдумот. Македонија на патот кон НАТО и ЕУ се соочува со сериозен проблем пред портите на европското семејство – аерозагадувањето. Креаторите на политиките мора да научат да ги калкулираат приоритетите, недозволиво е пари за животна средина да бидат приоритет за политички одлуки вели граѓанскиот активист Тони Никушевски за „24 вести“.

Реакцијата произлегува од алармантните отровни честички измерени од функционалните мерни станици на неколку локации во Скопје, иако зимата е уште далеку. Дотолку повеќе што 160 000 евра државни пари наместо за еколошки проекти беа пренаменети за референдум.

Кога средствата беа пренаменти, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, уверуваше дека парите за референдумот не се во делот на борбата против аерозагадувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top