| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје синоќа беше еден од најзагадените градови во светот

Скопје синоќа беше еден од најзагадените градови на светот. Главниот град беше на шестото место по загаденост во светот на глобалната апликација Air Visual.

Индексот, кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод и натриум диоксид и озон, за Скопје покажа вредност од енормни 160, заедно со Лахоре, Њу Делхи, Ченгду и Пекинг.

Најалармантно синоќа беше кај ректорат со измерени 240 ПМ честички на метар кубен, односно пет пати над дозволените граници.

Високи вредности на токсични честички во воздухот се регистрирани и во Струмица, Битола, Куманово Гостивар и Кавадарци.

Утрово мерните станици на Министерството за животна средина во 8 часот покажуваат средно ниво на загаденост, и тоа во критичните скоспки населби, Битола и во Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top