Српската полиција уапси 4 лица под сеомнение дека биле дел од организирана група при посредување за добивање невистинити документи за бугарско потекло потребни да се добијат бугарски пасош, пишуваат бугарските медиуми.
Акцијата била спроведена на територија на неколку општини во Србија.
При акцијата се уапсени еден службеник во општина Пирот, лекар од Димитровград, уште еден жител на овој град и еден од Ќуприја.
Некои од уапсените посредувале за давање мито на лекарот и службеникот, кои пак обезбедувале лекарски уверенија и потврди за бугарско потекло.
Со лажните документи барателите на бугарски пасош од Србија потоа се упатувале во Бугарија кадешто ги дополнувале своите досиеа со документи за бугарско потекло, за што дополнително плаќале одредени суми на пари.
Во Бугарија пред два дена беше откриена голема организрана група за фалсификувани документи, кои земале од 5.000- до 8.000 евра за бугарски пасош.
Уапсен е првиот човек на државната агенција за Бугарите во странство и уште неколку лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст