| четврток, 6 декември 2018 |

Од 39 мерки, исполнета само една: Ветувањата за почист воздух останаа само ветувања (видео)

Паднаа во вода предизборните ветувања на локалните власти. И оваа грејна сезона Скопје ќе остане без конкретно решение против аерозагадувањето. Во програмата Живот во Скопје за сите, градоначалникот Петре Шилегов ветуваше 39 мерки против загадувањето – невладините велат дека е исполнетa само еднa, јавува ТВ Алфа.

Градоначалниците имаат предизборни ветувања, државата има стратегија за борба против загаденоста, но ништо од ова не се спроведува во пракса. Дури и во Министерството за животна средина не се оптимисти дека наскоро ќе има решение за проблемот.

Академик Таки Фити прстот го вперува во компаниите – смета дека наместо да вложуваат во нова технологија за чиста животна средина за низ приоритет бил чистиот профит.

Дел од мерните станици кои ги покажуваат штетните ПМ 10 честички со месеци се вон функција. Токму онаму каде изминатите години беше алармантно, во Гази Баба и Лисиче, жителите немаат информација каков воздух дишат. Станиците пак кои работат, веќе одамна ја минаа црвената линија на висока загаденост. На места аерозагадувањето е и до три пати над дозволеното ниво.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Македонија околу 1300 лица годишно умираат како последица од аерозагадувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top