| четврток, 6 декември 2018 |

Судот го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Привремена мерка за обезбедување на имотот на ВМРО ДПМНЕ, изрече Кривичниот суд Скопје на барање на СЈО во истрагата за случајот Талир. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата. Вкупната проценета вредност на 68 објекти е 3,5 милиони евра, а меѓу нив има и земјиште. 69-от објект е палатата која е проценета на над 14 милиони евра.

Како што стои во соопштението на СЈО, со оваа мерка се забранува отуѓување на конкретниот имот како и давање под закуп на истиот. Дејствијата се преземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката.

Барањето за забрана е од две причини: едната е најавите дека претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски има намера за продавање или давање под закуп на палатата, а втората е продажба на еден стан во Кисела Вода на почетокот од годината, за 100.000 евра.

Случајот Талир се води против високи фукционери за незаконско финансирање на партијата во вредност од 4,9 милиони евра. Со овие средства, биле склучени 78 договори за купување недвижен имот, а дел од овој имот не се користел за партиски, туку за приватни цели и трошење по ресторани, хотели, и подмирување на тековни обврски во партијата. Се користеле различни начини да се „исперат“ парите, односно да се внесат во партијата на легален начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top