| четврток, 6 декември 2018 |

Помалиот син на Лепа Брена е во врска со ќерката на познат пејач? (Фото)

Во последните неколку месеци, најмалиот син на Лепа Брена во медиумите не се појавува со девојки туку со пријателите и семејството. Како што пренесува „Ало“ причина за тоа е што Виктор се обидува да ја сокрие својата врска со Софија Шашиќ, ќерката на пејачот Жељко Шашиќ и Соња Шашиќ.

Како се шпекулира Софија и Жељко се во врска веќе неколку месеци.

-Виктор крие дека се забавува со Софија бидејќи знае дека ќе се најде на насловните страници. И двајцата се деца на познати родители, а таквите врски се под будното око на јавноста. Не им е лесно да излезат во јавност, но заљубени се и не сакаат повеќе да се кријат. Тие се познаваат долго време и се добри пријатели. По неколку години дружење тие сфатиле дека се еден за друг и така започна нивната љубовна врска, вели извор за „Ало“ и тврди дека семејството е пресреќно поради одлуката на Виктор.

-Кога Брена дозна дека Виктор е со ќерката на Шашиќ беше пресреќна. Тие со години се дружат и сите се сомневаа дека се заедно, а сега се потврдија нивните сомнежи. Соња почна да се сомнева дека нешто се случува меѓу нив и по свадбата на Александра и Филип бидејќи тогаш беа неразделиви. Сакаа на концертот на Брена да се појават заедно и да откријат дека се во врска, меѓутоа Виктор не сакаше да привлекува внимание на себе бидејќи тоа беше вечер на неговата мајка која тој ден славеше роденден и 35 години кариера, вели изворот за „Блиц“ и додава:

-Софија поради Виктор го остави момчето со кое беше во врска, а заедно ќе се појават на еден белградски концерт и ќе ја потврдат врската, истакнува изворот.

вистина.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top