| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во детската болница во Козле, екипите се на терен

Пожар во детската болницата за белодробни заболувања во скопско Козле. На терен се противпожарни екипи.

Според информациите до кои дојде Press24 во пожарна било пријавено дека гори покривната конструкција, но извори во болницата велат дека пожарот избил во еден од тоалетите.

Пожарот е ставен под контрола. Повеќе информации очекуваме подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top